Атина: 23 средношколци загинаа во сообраќајна несреќа

Во најтешката сообраќајна несреќа која досега се случила на патиштата во Грција, според последните информации, загинале најмалку дваесет и тројца средношколци. Несреќата се случила синоќа на патот Солун – Атина во судар меѓу камион и автобус во кој имало пеесетина ученици кои се враќале од тридневна екскурзија. Полицијата верува дека несреќата била предизвикана поради тоа што камионот минал на спротивната страна од патот. Возачот на камионот е уапсен.