Њујорк: Состанок на Советот за безбедност

Советот за безбедност на ОН денеска Ќе одржи состанок на кој Ќе стане збор за нуклеарната програма на Северна Кореја. Вашингтон ќе настојува советот да го осуди повлекувањето на Пјонгјанг од договорот за неширење на нуклеарното оружје, а Кина и Русија сметаат дека оваа дебата нема да придонес за намалување на тензиите на корејскиот полуостров. Претставник на Северна Кореја предупреди дека какви било санкции спрема оваа земја ќе бидат сфатени како вовед во војна.