Атина: Грција се спротиставува САД да управуваат со Ирак

Премиерот на Грција ја отфрли намерата на Соединетите држави после војната во Ирак тие да управуваат со оваа земја и побара главна улога да имаат Обединетите нации, а Ирачаните што побрзо да ја превземат власта. Тој повтори дека Грција е против војната во Ирак. Симитис истакна дека владата на Грција како влада на земја која претседава со унијата настојувала да ја одржи кохезијата во Европската унија, но оти унијата била немокна да се спротивстави на кризата.