Вашингтон: Двајца пилоти загинале во централен Ирак

Американската централна команда соопшти дека двајца пилоти денеска загинале кога нивниот хеликоптер се урнал во централен Ирак. Според првичните информации хеликоптерот не бил погоден од ирачките сили. Пентагон пак соопшти дека 8 – те тела што се пронајдени за време на акцијата за спасување на заробеници се американските војници кои влегоа во заседа заедно со спасениот војник Џесика Линч.