Ум Каср: Пристигна првиот хуманитарен тим на ОН

Во јужното ирачко пристаниште Ум Каср денеска пристигна првиот хуманитарен тим на Обединетите Нации за да ги испита можностите за доставување помош. Обединетите Нации бараат јасна поделба меѓу воените и хуманитарните активности во пост-воен Ирак, со тоа што хуманитарните операции да бидат под нивна целосна контрола.