Вашингтон: Човековите права и демократијата на Балканот бележат напердок

САД сметаат дека човековите права и демократијата на Балканот и делови на Евро/Азија изминатава година бележат мал напредок, но во земјите од поранешниот Советски Сојуз како и Иран и Јужна Кореа тие не се почитуваат. Одржаните мирни избори 2002 година во Босна и Херцеговина како и Македонија и можните демократските промени во муслиманските земји како што се Бахреин и Мароко се показател за постигнатиот напредок се вели во годишниот извештај за човековите права на Американскиот Стејт Департмент.