Вашингтон: Говор на Џорџ Буш

Претседателот на Соединетите држави Џорџ Буш изјави дека американските сили постигнале значителен успех од почетокот на воената интервеција во Ирак. Буш повтори дека ослободувањето на ирачкиот народ е основна причина за војна, за разлика од претходното повеќемесечно потенцирање дека е потребно да се разоружа Садам Хусеин. Обраќајќи им се на Ирачаните, Буш посочи дека Американците имаат цел да стават крај на владеењето на Хусеин. Доаѓаме да ви дадеме храна, лекови и подобар живот. Ние доаѓаме и нема да се откажаме додека не ја ослободиме вашата земја, му порача Буш на ирачкиот народ. Тој изјави дека претстојат многу опасности, но оти секој ден американските и британските сили се се поблиску до Багдад и до победата.