Вашингтон: Говор на Колин Пауел

Американскиот државен секретар Колин Пауел побара од Иран да ја запре потрагата по оружје за масовно уништување, од Сирија да престане да го подржува тероризмот, а од израелските и палестинските власти сериозно да му се посветат на мировниот процес. Во говорот на годишната седница на американско – израелскиот комитет за јавни работи Пауел рече дека Соединетите држави ќе го симнат од власт Садам Хусеин во Ирак и ќе го држат настрана од Блискиот Исток оружјето за масовно уништување.