Техеран: Иран нема да подржи ирачка влада формирана од САД

Шефот на иранската дипломатија Камал Карази изјави дека неговата земја нема да поддржи ирачка влада која ќе биде формирана од Соединетите Држави. На денешната прес конференција во Техеран тој додаде дека Иран ќе признае ирачка влада која ќе биде под супервизија на Обединетите Нации и избрана од самите ирачани.