Анкара: Ердоган помогнал во справувањето со киднаперот на турски авион

Турската влада денеска соопшти дека премиерот Реџеп Ердоган и помогнал на грчката полиција во справувањето со киднаперот кој вчера грабнал авионот со околу 200 патници, на линијата Истанбул – Анкара и слетал во Атина. Имено, Ердоган по телефон разговарал со дваесет годишниот грабнувач кој со експлозив на своето тело сакал да слета во Берлин. Турските власти велат дека киднаперот немал врски со терористички организации.