Багдад: Прес на ирачкиот министер за информации

Ирачкиот министер за информации Саид ал Сахаф денеска изјави дека вчера 26 лица загинале од бомбардирањето на Наџаф, а 7 во Багдад. Од почетокот на воените дејствија во Басра, според ирачкиот министер, загинале 116 луѓе. Ал Сахаф негираше дека во вчерашните борби со американските сили кај Наџаф загинале илјада ирачани.