Басра: Парамилитарни ирачки сили отворила оган на цивили

Портпаролот на британските сили во регионот на Басра изјави дека ирачките парамилитарни сили отвориле оган врз цивилите кои сакале да го напуштат градот. Рони Мек Корт рече дека со автоматско оружје е пукано врз неколку илјади цивили кои се обиделе да излезат од запад и север на Басра. Најмалку еден цивил бил повреден, а британските војници отвориле оган обудувајки се да ги спасат цивилите.