Москва: Акцијата за ослободување на Ирак далеку од реалноста

Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов изјави дека американските тврдења дека нивните сили го ослободуваат Ирак се далеку од реалноста. Зборувајки во горниот дом на рускиот парламент, Иванов рече дека Вашингтон сака воената акција против Ирак да ја претстави како триумфален марш за ослободување на ирачкиот народ со минимални жртви и уништувања.