Лос Анџелес: Доделени оскарите по 75-ти пат

На 75-тата церемонија на доделувањето Оскар – награда на Американската Академија за филм одржана во текот на изминатата ноќ во Лос Анџелес, за најдобро филмско остварување беше прогласен мјузиклот Чикако на режисерот Роб Маршал. Чикаго кој имаше 13 номинации и донесе Оскар и на актерката Кетрин Зета Џонс за епизодна улога а ги освои и наградаите за сценографија, костими, звук и монтажа. Оскар за најдобар режисер доби Роман Полански за филмот Пијанист. Актерот во овој филм Ејдријан Боди го доби Оскарот за главна улога. Наградата за главна женска улога ја освои Никол Кидман во филмот Часови.