Москва: Путин оцени дека Чеченците сакаат мир

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени
дека вчерашниот референдум на кој е прифатен новиот – проруски устав на Чеченија покажува дека чеченците сакаат мир и заеднички развој со Русија. Од своја страна, чеченските сепаратисти соопштија дека гласањето било политичка фарса и оти резултатот бил изманипулиран од руските власти. Според изборната комисија, над 96 проценти од гласачите потврдно се изјасниле за Устав во кој се прокламира дека Чеченија е интегрален дел на Руската Федерација.