Сирија: Пет Сиријци загинале кога американска ракета погодила автобус со бегалци од Ирак

Пет сиријски цивили загинале, а десетмина други биле повредени кога, како што јави сиријската новинска агенција, една американска ракета погодила автобус во кој имало бегалци од Ирак. Во извештајот се прецизира дека инцидентот се случил вчера во близина на ирачко-сиријската граница. Централната американска команда соопшти дека нема никакви информации за настанот, потсетувајќи дека сојузничките сили не напаѓаат цивили и оти врз воените цели се употребуваат прецизни проектили.