Љубљана: Словенците за влегување во ЕУ и НАТО

На вчерашниот референдум во Словенија, според неофицијалните резултати, граќаните се изјаснија за влегување на земјата во Европската Унија и НАТО. На референдумот излегоа 60 насто од избирачкото тело. Од нив над 89 проценти се изјаснија за влегување во Унијата, а 66 насто за зачленување на Словенија во НАТО. Шефот на државата Јанез Дрновшек и претставници на Европската Унија и на Алијансата оценија дека словенците донесле вистинска и одговорна одлука.