Љубљана: Референдум за приклучување во НАТО и ЕУ

Во Словенија денеска се одржува референдум за приклучување на земјата во НАТО и Европската Унија. Според испитувањата на јавното мислење околу 80 проценти од Словенците се за членство во Унијата, а приближно толкав е процентот на подршката и за членство во НАТО.