Приштина: Експлозија на три бомби пред полициски станици

Полицијата на Обединетите Нации на Косово соопшти дека синоќа три бомби експлодирале пред две полициски станици во Приштина. Претставник на УНМИК изјави дека во експлозиите немало повредени и оти е во тек потрага по сторителите. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.