Брисел: Лидерите на ЕУ потврдија дека Западен Балкан е приоритет на надворешната политика

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел потврдија дека Западниот Балкан е надворешно политички приоритет. Европската Унија ќе ги подржи напорите на земјите од регионот за членство во Унијата, а изразено е посебно задоволство што на 31 март ќе биде преземена воената мисија од НАТО во Македонија.