Брисел: Проролжуваат разговорите на лидерите на ЕУ

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел ги продолжуваат разговорите посветени на ирачката криза. Вчера тие се согласија да одвојат дваесет милиони евра за итна хуманитарна помош за Ирак. Според најавите, денеска би требало Унијата да го разгледа предлогот за дополнителна помош за таа земја од сто милиони евра. Евролидиерите ги повикаа земјите кои граничат со Ирак да не преземаат акции со кои би можело да предизвика натамошно нарушување на стабилноста во тој регион.