Лондон: Предупредување за граѓаните на САД и Британија за ризик од терористички напади

Соединетите Држави и Велика Британија ги предупредија своите државјани на можниот ризик од терористички напади поради почетокот на воената интервенција во Ирак. Тоа особено се однесува на регионите во Северна Африка и на Блискиот исток, каде што се страхува од самоубиствени напади, киднапирања или употреба на хемиско и биолошко оружје, се вели во предупредувањето од Вашингтон и од Лондон.