Вашингтон: Неконвенционална закана е приоритет

Примарна закана за безбедноста на Македонија во блиска иднина е таканаречената неконвенционална воена закана а приоритет треба да биде грижата за сопствената безбедност. Ова, како што јавува Макфакс, е проценката на Пентагон, која му била врачена на министерот за одбрана на Македонија Владо Бучовски за време на вчерашните разговори со американскиот помошник државен секретар Пол Волфовиц во Вашингтон.