Свет: Антивоени протести ширум светот

Во поголем број градови ширум светот, како и во Соединетите држави вчера се одржаа анти – воени демонстрации – против употреба на сила во врска со ирачката криза. Повеќе илјади американци демонстрираа пред Белата Куќа, барајки од претседателот Буш да не оди во војна против Ирак. Американскиот претседател во редовното седмично радио обраќање до нацијата рече дека армијата е подготвена да го разоружа режимот на Садам Хусеин бидејќи постојат мали шанси Ирак тоа да го стори по мирен пат.