Љубљана: Словенија нема да го одобри барањето на САД за транзит на воена опрема без одлука на ОН

Словенија нема да го одобри барањето на Соединетите држави, за транзит на американската воена опрема преку земјата во Турција, без одлука на Советот за безбедност на Обединетите Нации, изјави словенечкиот премиер Антон Роп. Според него, доколку Советот за безбедност потврдно одговори на предлогот кој го доставија Соединетите држави, Британија и Шпанија, за употреба на воена сила во Ирак, дури тогаш, рече премиерот Роп ,,Словенија позитивно ќе одговори на американското барање,,.