Лондон: Војната се поверојатно, иако не и неизбежна

,,Војната против Ирак во последните неколку недели е се поверојатна, иако не е и неизбежна,, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Џек Строу. Според него на ирачкиот претседател Садам Хусеин му останува уште малку време за да ги исполни барањата на Резолуцијата на Обединетите Нации, во која се бара разоружување на Ирак.