Пекинг: Ху Џинтао нов претседател на Кина

Генералниот секретар на Комунистичката партија Ху Џинтао, денеска е избран за нов претседател на Кина. За него гласаа мнозинството пратеници во кинеското народно собрание. Тој ќе биде девети претседател од основањето на комунистичка Кина во 1949 година, а Џинтао ќе го наследи досегашниот претседател на Кина, Џијанг Цемин, кој останува на чело на моќната Централна воена комисија.