Атина: ЕУ и НАТО потпишаа договор за соработка во безбедноста

ЕУ и НАТО во Атина потпишаа договор за соработка во областа на безбедноста. Со договорот се трасира патот за Европската унија да ја почне првата мировна операција во Македонија, во чии рамки се очекува до крајот на месецов во земјава да бидат распоредени околу 400 војници на ЕУ кои ќе ја преземат НАТО мисијата "Сојузничка хармонија".