Софија: Бугарија ќе го поддржи британскиот предлог во ОН

Шефот на бугарската дипломатија Соломон Паси денеска изјави дека неговата земја во Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе го поддржи британскиот предлог - Ирак да биде нападнат ако не исполни неколку услови. Паси додаде дека несогасувањата во Европската Унија околу ирачката криза нема да имаат негативно влијнаие врз бугарската кандидатура за членство во Унијата.