Иран: Посета на Игор Иванов

Министерот за надворешни работи на Русија Игор Иванов, денеска допатува во Техеран, по покана од својот ирански колега Камал Харази. Главна тема на разговорите со иранските власти ќе биде ситуацијата во Ирак. Техеран и Москва се спротивставуваат на воена интервенција врз Ирак и се залагаат за решавање на кризата по дипломатски пат.