Лос Анџелес: Серџ Мезеритски осуден на 17 години затвор за трговија со луѓе

Федералниот суд во Лос Анџелес го осуди Серџ Мезеритски со казна затвор од 17 години за трговија со луѓе. Тој беше осомничен за трговија со Украинки, кои биле пренесени од нивната матична земја во Соединетите држави преку Мексико.