Њујрок: ОН соопштиja дека на неколку места се пресечени електричните жици меѓу Ирак и Кувајт

Обединетите Нации соопштија дека нивните посматрачи откриле дека на границата меѓу Кувајт и Ирак, на неколку места биле пресечени електричните жицисо кои се одвоени двете земји. Портпаролот Фред Екхарт изјави дека во пограничниот регион биле забележани неколку лица во цивилна облека кои се идентификувале како американски маринци. Од Вашингтон засега нема коментар за случката.