Косово: Фрлена рачна граната врз станицата на УНМИК во Косовска Митровица

Непознати лица синоќа фрлиле рачна граната врз станицата на УНМИК во северниот дел на Косовска Митровица, изјави денеска портпаролот на УНМИК Андреа Анџели. Тој додаде дека во експлозијата немало повредени и оти во тек била истрага по сторителите.