Багдад: Продолжува уништувањето на ракетите Ал Самуд

Ирачките власти денеска го продолжија уништувањето на ракетите Ал Самуд Два, соопштија инспекторите за оружје на Обединетите Нации. Во изминативе два дена беа уништени десет такви ракети. Вчера, Амер ал Саади, главниот советник за оружје на претседателот Садам Хусеин, предупреди дека Багдад би можело да го стопира уништувањето доколку стане јасно дека Соединетите Држави ќе го нападнат Ирак без дозвола од Советот за безбедност.