Газа: Двајца Палестинци загинаа во најновите израелски напади

Двајца Палестинци загинаа, а повеќе од 35 се повредени, откако израелски оклопни возила, придружувани од хеликоптери, отвориле оган врз бегалскиот камп Кан Јанис, во појасот Газа. Нападот на израелската армија уследил, откако претходно во близина на бегалскиот камп, била пронајдена и успешно деактивирана бомба поставена од палестинските милитанти.