Ватикан: Папата ќе испрати специјален пратеник на разговори со Буш

Папата Јован Павле Втори одлучи да ги интензивира дипломатските напори за мирно решавање на ирачката криза. Ватикан ќе испрати специјален пратеник во Вашингтон на разговори со американскиот претседател Џорџ Буш. Италијанскиот кардинал Пи Лаги, на Буш ќе му ја пренесе пораката на Папата, ,,за мир на Блискиот исток,, изјави портпаролот на Ватикан Наваро-Валс.