Вашингтон: До 2005 година ќе почна преговорите за решавање на статусот на Косово

Најдоцна до 2005 година ќе започнат преговорите за конечниот статус на Косово, се наведува во извештајот на Американскиот институт за мир. Оваа година треба да започне дијалогот меѓу Србија и Косово, а потоа и консултациите меѓу Соединетите држави, Европската Унија, Обединетите Нации и Русија. Извештајот кој за прв пат е објавен, представува збир на оценки изнесени на неформалниот состанок, на тема ,,Конечниот статус на Косово,, организиран од Институтот за мир.