Вашингтон: Северна Кореа повторно го отвори нуклеарниот реактор Јонгбјон

Северна Кореа во текот на последните 24 часа повторно го отвори својот нуклеарен реактор во Јонгбјон, изјави еден американски претставник. Според него, нема знаци дека властите во Пјонгјанг ги отвориле и постројките за процесирање на нуклеарното гориво, што дополнително би ги загрижиле Соединетите држави. Нуклеарниот реактор во Јонгбјон беше затворен од 1994 година.