Приштина: Демонстрации против апсењата на поранешни членови на ОВК

Десетици илјади луге протестираа денеска во центарот на Приштина поради апсењата и испраќањето во Хаг, на четворица припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово. Демонстрантите побараа таквите апсења да престанат бидејќи според нив, поранешните припадници на ОВК всушност воделе „ослободувачка борба“.