Вашингтон: Буш бара дополнителни 95 милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш подготвува барање за дополнителни финансиски средства во висина од 95 милијарди долари за војната против Ирак, пишува денешен Вол Стрит Журнал. Средствата треба да ги покријат трошоците за војната, периодот по војната како и новите трошоци за борбата против тероризмот, изјавуваат за весникот високи владини претставници.