Хаг: Прво појавување на Шешељ во судницата

Лидерот на српската радикална партија Воислав Шешељ, денеска за прв пат ќе се појави во судницата на Хашкиот Трибунал, при што ќе му биде прочитано и објаснето обвинението. Судот во Хаг го обвини Шешељ за злосторства против човештвото односно за етничко чистење и кршење на законот за војување на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина и во некои делови на Војводина, во 1990-тата година. Шешељ во понеделникот, доброволно му се предаде на судот во Хаг.