Њујорк: Анан го повика Ирак да ги уништи ракетите Ал Самуд 2

Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан го повика Ирак да ги уништи своите проектили од типот Ал Самуд 2, бидејќи нивниот домет е поголем од 150 километри. Анан го предупреди Багдад дека евентуалното одбивање на ова барање ќе се разгледува пред Советот за безбедност на Светската организација.