Солун: Најмалку десет загинати во сообраќајна незгода

Се претпоставува дека најмалку 10 лица се загинати, откако еден грчки автобус во кој се наоѓале 30 патници излетал од автопатот и се урнал во коритото на реката Алиакмонас, во близина на Солун. Спасувачките екипи поради непристапноста на теренот со големи тешкотии им помагаат на преживеаните. Досега се извадени телата само на двајца патници.