Москва: Русија се спротиставува на нова резолуција на ОН

Русија се спротивставува на донесување на нова резолуција на Обединетите Нации со која автоматски ќе се дозволи употреба на воена сила против Ирак, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Јуриј Федотов. Тој истакна дека доколку во Советот за безбедност се гласа за нова резолуција, тогаш Русија ќе остане воздржана или ќе го искорити своето право на вето.