Приштина: Апсењето на поранешни припадници на ОВК може да им наштети на политичките процеси

Доколку се продолжи со апсењето на поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово, тоа може да им наштети на сите политички процеси во земјата и да доведе до паѓање на косовската влада, изјави косовскиот премиер Бајрам Реџепи. Тој додаде дека косовските институции го почитуваат Хашкиот Трибунал, но дека обвиненијата против првите четворица уапсени поранешни членови на ОВК, излгедаат сомнително.