Куала Лумпур: Резолуција против војна во Ирак од неврзаните

Членовите на Движењето на неврзаните, во рамки на министерскиот состанок во Куала Лумпур, денеска ќе усвојат резолуција со која „категорички се отфрла војна против Ирак“. Министрите се согласија дека Ирак мора да ја почитува резолуцијата на Обединетите Нации, но се спротивставија на евентуалната американска акција во Ирак. „Заедничкиот глас на целиот свет рече НЕ за војната,“ изјави малезискиот заменик премиер Абдула Бадави.