Вашингтон: САД подготвени за напад на Ирак

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека воените сили се подготвени за напад на Ирак веднаш доколку добијат наредба од претседателот Џопрџ Буш. Минатата ноќ американските сили слетаа и во Романија како дел од процесот за засилување на американско –британските сили во Заливот. Соединетите држави на почетокот на идната недела ќе достават нова резолуција во Обединетите Нации во која ќе се бара меѓународна подршка за употреба на сила за разоружување на режимот во Багдад.