Техеран: Инспекција на меѓународната заедница за атомска енергија

Делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија предводена од Мухамед Ел Барадеј престојува во Иран поради инспекција на нуклеарните капацитети во градовите Натанц и Арак. Инспекцијата е резултат на американските обвинувања дека Техеран развива програма за нуклеарно оружје.