Вашингтон: Поставувањето живи штитови во Ирак ќе биде казнето по евентуалната војна

Соединетите држави ги предупредија ирачките власти дека поставувањето на ,,жив штит,, во близина на воените локации, ќе се смета како ,,злосторство против човештвото,, кое ќе биде казнето по војната. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд и генералот Ричард Мајерс, ова го изјавија, по повод пристигнувањето на 100-тина цивили од Лондон во Багдат, кои одлучија да постават ,,жив штит,, за да ја спречат можната американска воена интервенција врз Ирак.