Јужна Кореа: 130 загинати во пожар во метро

Повеќе од 130 лица загинаа, а најмалку 137 се повредени, во пожарот кој бил подметнат во метро во јужнокорејскиот град Даегу, соопшти јужнокорејската полиција. Спасувачките екипи сеуште трагаат по 99 исчезнати лица. Во моментот на несреќата во метрото се наоѓале 600 патници. Јужнокорејсктата полиција уапси еден 57 годишен човек, осомничен за подметнување на пожарот. Според сведоците, осомничениот во метрото фрлил пластично шише наполнето со запалива течност.